"Зрелата љубов е соединување под услов на зачувување на сопствениот интегритет, на сопствената индивидуалност. Љубовта е активна сила на човекот; сила што ги пробива ѕидовите кои го раздвојуваат човекот од неговите ближни, која го соединува со другите. Љубовта му помага да го премавне чувството на осаменост и одвоеност, а сепак му допушта да е свој, да си го зачува интегритетот. Во љубовта се случува парадоксот две личности да станат едно, а сепак да останат двајца. (Ерих Фром)"
Љубовта таа активна сила што ја движи божествената енергија присутна во секој од нас. Секој човек ја почувствувал на својата кожа љубовта. Иако за секој човек таа претставува различна. Како различна?
За некој од нас љубовта претставува чувство на заљубеност, романтика емоционално врзување за друга личност, занесеност, мечта. За друг секс, страст, авантура, афера, мамење. За трет давање и земање љубов, пријателство, партнерство. За четврт комуникација, вербално комуницирање, божественост. За пети моќ, сила, енергија и како ли уште не. Секој човек си ја свака на свој начин.
Како и повеќето апстрактни поими така и љубовта не можеме едноставно да ја објасниме со неколку реченици бидејќи најчесто јазикот е ограничен и немаме доволно зборови за да ја претставиме онаква каква што е. Непостојат зборови што можаат да ја опишат во целост.
За сите оние коишто љубовта ја сметаат за прекрасно чувство на заљубеност, на занес, романтичност морам да ги разочарам дека не ја познаваат ни првата буква Љ, од љубовта. А такво е мислењето на скоро секој човек денес во капиталистичкото општество. Ете ви го одговорот на сите разводи, прекинувањето на една врска, барањето на совршен партнер, касното стапување во брак, љубомората, неверствата и што ли уште не во денешното деградирано општество. Ние не знаеме што е љубовта.
А како можеме да бидеме среќни и да ја имаме кога не знаеме што е.
Во која книга од нашиот образовен систем можеме да прочитаме за тоа што е љубов? Во ниту една.
Дали е потребно знаење за љубовта? И повеќе од потребно.
Каде го добиваме ние нашето знаење за љубовта?
На улица, во кафич, во диско, учиме од нашето искуство и од искуството на нашите пријатели.
Но најдобар начин за да научиме се секако преку книгите.
Постои прекрасна книга на Ерих Фром и тоа Уметноста на љубовта искрено ја препорачувам на секој којшто сака да научи за љубовта.
Бидејќи сите ние сме само почетници во љубовта.
Љубовта е нешто повеќе од заљубеност во една личност. Таа е поголема од материјалните нешта на овој свет затоа што таа не е материјална туку таа е духовна водилка на животот.
Фром вели дека љубовта е активност а не чувство. Љубовта се учи исто како што се учиш да читаш, да пишуваш. Таа се учи но само доколку сакаш да ја научиш.
Учиш постепено чекор по чекор, години по години. Навистина е жалосно само колку луѓе го завршиле својот живот и тоа секојдневно се случува без да ја знаат љубовта. Тажно е да не се знае да се љуби, да се сака.
Љубовта е кога ќе ги сакаш сите луѓе околу тебе како што се сакаш себе си. Некој кој не се сака себе си тој не може да љуби. Не можеш да ја имаш љубовта доколку не научиш да се сакаш себе си. Но не можеш да ја имаш љубовта ако не научиш да ги сакаш сите луѓе како што се сакаш себе си.
Се сакам себе си, ги сакам моите родители, ги сакам пријателите, ги сакам сите луѓе, тоа веќе е љубовта. Но и не само тоа го сакам секое живо суштество, ја сакам пеперутката, тревата, водата, планината, целата убавина околу мене, тоа е љубовта. Нема остапки го сакаш животот што го живееш. Уживаш во животот го сакаш секој миг, секоја случка, секој настан, секоја личност.
Тоа е светот на љубовта.
Кога сакаш само една личност а при тоа не се сакаш себе си. Тоа не е љубов тоа е само еден дел од љубовта којашто ти ја нарекуваш љубов. Но тоа е љубов која е осудена на пропаст. Колку и да е убава, паметна и прекрасна таа личност тоа нема врска со љубовта бидејќи ти не знаеш што е љубовта.
Тоа води само кон обожавање на таа личност, идеализирање на таа личност, опсесивност, заљубеност, зависност и секако дека ќе биде невозвратена љубов. Сите овие видови на љубов се патолошки видови на љубов: невозвратената, зависната, идеализираната, садистичката, мазохистичката.
Тоа не е љубов. Ние ги сакаме и сме длабоко во некоја од нив мислејќи дека тоа е љубов. Но не е тоа љубов. Зошто го правиме тоа повторно бидејќи не ја знаеме уметноста на љубовта, не ја познаваме љубовта.
Љубовта кога се сакаат само двајцата заљубени, се сакаат само тие, не комуницираат скоро со никој друг не се дружаат повеќе со другарите нивни, не сакаат да излегуваат со други, сами секаде лудо заљубени еден во друг. И тоа не е љубовта овие двајца се толку многу сакаат себе си но не ја знаат љубовта тие се егоистични се сакаат само тие а го мразаат и игнорираат сиот останат свет. Тоа не е љубов, тоа е само луда љубов и луда заљубеност на двајца.

Љубов е кога ги сакаш сите. Кога си активен и комуникативен со секој. Кога се дружите со друштво. Кога имаате пријатели насекаде околу вас. Кога ѓи сакаш и почитуваш сите околу вас а во исто време ве сакаат и почитуваат и луѓето околу вас.
Љубовта е поврзана со целиот свет не е изолирано чувство за само една личност. Сите луѓе, сите живи суштества и целиот свет се поврзани со протокот на една иста универзална енергија. Затоа љубовта е нашата духовна суштина на нештата. Затоа љубовта е кога ги сакаш сите живи суштества, целиот свет. Секој од нас е дел од универзалната енергија. Секој од нас како дел од целото, влијае на се околу нас. Затоа љубовта е кога сакаш се. Ја сакаш целата универзална енергија. Токму таа универзална енергија, енергија од којашто е составено се што постои како на оваа нашата планета, така и на милијардите други планети и светови ние сме дел од неа, токму таа енергија луѓето ја нарекувале со различни имиња: Бог, Алах, Тао и уште како ли не. Но токму со помошта на љубовта можеме да го спознаеме Бог а и да се спознаеме ние како дел од Бог. Бидејќи ние сме дел од Бог, ние и се што постои и материјалните и духовните светови сме универзалната енергија присутна во се, се околу нас и во каменот и во водата и во луѓето и во животните, ние сме дел од Бога и Бог го создаваме сите ние. Затоа треба да се сакаме сите еден со друг, затоа треба да го сакаме животот, затоа треба да ја сакаме и смртта, затоа треба да сме суштества што љубиме и сакаме се.
Значи љубовта е активност а не пасивност.
Луѓето премногу му обрнуваат внимание на фактот како да бидеш сакан, да бидеш вреден за да некој те сака. Мажите сакат да стекнат богатство, моќ, висока положба на работа за да бидат попривлечни кај жените. Жените посветуваат поголемо внимание на своето тело, на облекувањето на прикажувањето на нивната физичка убавина.
Луѓето љубовта ја сваќаат како проблем на објектот. Тешко ми е да ја најдам саканата личност а мислиме дека ќе биде лесно потоа само да го најдеме објектот. Аха мисли си ти. Тоа е како сликарот да не слика секој ден туку да чека да ја види најубавата природа и после Ќе ја насликал совршено добро сликата, аха ако претходно не сликал ќе ја наслика добро сликата. Лесно било да сакаш. Сме станале производи, уште да почнат да не изложуваат во супер маркетите.
Продавачот да вели: еве згоден маж, доктор, на 27 години, добро обезбеден купете си го производот и право дома. Уште тоа ни фали да почнеме да се продаваме во супермаркетите. Затоа што сме станале производи. Но не може секој да го купи овој маж. И купувачката мора да има слични квалитети, да биде млада, згодна девојка, со витко тело и други атрибути.
Тоа е кога денес сме заинтересирани за објектот а не се интересираме за да ја развиеме способноста.
А љубовта е способноста, умеењето. Исто како што се учи медицината, сликарството, музиката, наука, така треба да се учи и љубовта.
Активниот карактер на љубовта може да се изрази со тоа што љубовта е давање. Не давање на материјални производи на саканата иако и тоа не е лошо. Давањето на своите радости, својот хумор, знаења, разбирањето, интереси, желби и споделување со саканата личност.
Љубовта ги содржи основните елементи: грижата, одговорноста, респектот и знаењето. Како и безусловната љубов на мајката што се грижи за своето дете. Така и секој од нас треба да се грижи но не само грижа за саканата личност туку грижа за животните, за цвеќињата, за водата, за планината.
Љубовта е активна преокупираност со животот и со растењето на тоа што го сакаме. Човекот го сака она околу кое што се труди и се труди околу она што го сака. Одговорноста и значаен елемент на љубовта но одговорноста и кон другите луге. Да се разберат психичките потреби на другата личност.
Респектот претставува грижа за другата личност да расте и да се развива таква каква што е. Да ја сакаме саканата таква каква што е, а да не се трудиме да ја менуваме и прилагодуваме на наште желби и потреби.
И секако е потребно да сакаме некого добро да го познаваме.
За да ја осознаеме уметноста на љубовта потребно е да созрееме како личности. Само здраво созреаната личност, психички и физички зрелата личност може да даде љубов и да ја почувствува љубовта.
No comments:
Post a Comment